Грчката должничка криза предизвикала пораст на проституција во земјата, при што цените за услугата паднале толку ниско колку цената на еден сендвич. Нов извештај открива дека во Грција како проститутки работат повеќе жени со грчко потекло отколку такви со потекло источноевропските земји, како последица на тешката економска криза.

„Некои жени го прават тоа за една пита со сирење или за сендвич, бидејќи се гладни и мораат да јадат“, тврди Грегори Лазос, професор по социологија на универзитетот Пантеион во Атина. Проф. Лазос вели дека неговото истражување кое ги опфаќа случаите на 18.500 сексуални работнички од Грција, „го отсликува општеството кое не сака да ги согледа промените коишто се случуваат.“

pr01

Цената за сексуална услуга паднала од просечните 50 евра на само 2 евра, тврди проф. Лазос за весникот „Тајмс“. Академикот спровел три години на академско истражување, при што и претходно пишувал за проституцијата, кријумчарењето и сексуалните вредности во Грција.

„Овие случаи, кои се околу 400, можеби се симболични во споредба со илјадниците други сексуални работнички кои работат низ целата земја, но до пред финансиската криза никогаш не постоеле како тренд“, вели тој.

pr02

Проституцијата е легална во Грција и со падот на платите и порастот на невработеноста, индустријата брзо расте.

„Факторот на растечкиот број на девојки кои влегуваат и излегуваат од занаетот, во зависност од нивните потреби, и севкупниот број на жени проститутки е вознемирувачки“, вели г-н Лазос. Неговите наоди сега сугерираат дека проститутките со грчко потекло сега доминираат со 80 отсто од проститутките коишто работат во земјата, а секс индустријата заработува 600 милиони долари годишно.

pr03

Во 2003 година, над 150 проститутки од Грција одржале протест против предложените промени во законот за проституција воочи Олимписките игри во 2004 година. Грчката влада се обиде да затвори поголем број бордели откако се испоставило дека тие се во близина на училишта и цркви. Се проценува дека само 10 од 525 бордели во Грција работат со законска лиценца.

Сподели на Facebook
пати видено