Бројни светилишта, храмови и манастири го красат Фенгду. Но, сите се посветени на задгробниот живот. Легендите ја поврзуваат локацијата со кралот на подземјето. Дали би се осмелиле да влезете на неговата територија?
Градот на духовите Фенгду е место лоцирано на планината Минг, во округот Фенду, во југозападна кинеска општина Чонгкинг. Поради својата локација, градот Фенгду стана популарна туристичка атракција меѓу патниците кои поминувале по должината на реката Јангце. Во 1994 година започнала изградбата на браната Три клисури, предизвикувајќи пораст на нивото на водата на реката Јангце и претворање на Фенгду во остров.
Според легендата Фенгду ја добил својата репутација како град на духови за време на Источната Хан Династија. Во овој период живееле двајца поединци по име Јин Чангшенг и Ванг Фангпинг, кои и двајцата служеле како претставници на империјалниот суд.
Еден ден, тие одлучиле да се откажат од своите работни места и се упатиле кон Минг планина, каде што тие практикувале само-култивирање во согласност со учењата на таоизмот. Како резултат на тоа, двајцата мажи станале бесмртни. За време на династијата Танг, презимињата на овие двајца функционери, Јин и Ванг, биле комбинирани за да се формира „Yinwang“, што значело „Кралот на подземниот свет“. Во тоа време почнало да кружи тврдењето дека кралот на пеколот живеел во Фенгду.
Дополнително, за време на династијата Танг, бил подигнат огромен храм кој го прикажува задгробниот живот. Подоцна исто така се граделе храмови и споменици посветени на животот по смртта. Според кинеското традиционално верување, душата ќе треба да ги помине овие тестови пред да стигне до задгробниот живот:
Мостот Наихе (познат и како мост на беспомошност) бил изграден за време на династијата Минг и се наоѓа на половина пат до планината Минг. Според традиционалното кинеско верување, ова е мостот што го поврзува смртното царство со подземниот свет. Мостот се користи за тестирање на луѓето и постојат различни протоколи за премин, во зависност од возраста, полот и брачниот статус на една личност. Во секој случај, постојат квадратни базени со вода под мостот. Се верува дека луѓето кои не направиле големи гревови во животот ќе можат да поминат преку мостот, а грешните ќе бидат повлечени од демоните долу во базените.
Вториот голем тест се одвива на Портата Гимен (исто така позната како Портите на пеколот). Кинезите веруваат дека душите на мртвите даваат извештај на кралот на пеколот за да добијат пресуда. На ова место, на мртвите им се издава пасош кој ќе им служи како доказ за да можат да се регистрираат во задгробниот живот. Во Фенгду, предната страна на портата Гимен е украсена со осумнаесет скулптури на жестоки демони.
Последниот голем тест се врши во Тианзи Палас (исто така позната како Палата на царот). Оваа структура првично била изградена за време на династијата Западен Џин. Сегашната, сепак, датира од почетокот на династијата Кинг. Тестот тука е за еден човек, кој треба да застане на голем камен (се наоѓа во предниот дел на портата) на една нога. Додека добар човек може лесно да го стори тоа, злобниот, наводно, нема да може да го стори тоа и ќе биде казнет во задгробниот живот.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.