Вила Епекуен порано бил град одморалиште на бреговите на Лаго Епекуен, солено езеро на 643 километри југозападно од Буенос Аирес, Аргентина. Основан во 1920-те, градот израснал до бројност од 5000 жители до 1970-те години. Обилните дождови во следните години предизвикало водите во езерото да надојдат. Во 1985 година браната на езерото попуштила. До 1993 година градот бил покриен со повеќе од 9 метри вода. Потоа водите полека почнале да се повлекуваат и рушевините од Вила Епекуен пак можеле да се видат во 2009 година. Еве како денес изгледа оваа модерна Атлантида.
Водите на Лаго Епекуен се многу солени – само Мртвото Море е посолено. Езерото било популарно поради лековитоста.
Во 1970-те градот имал 5000 постојани жители, а за време на летото ним им се придружувале илјадници туристи.
Кога се случила поплавата, луѓето седеле на покривите од своите куќи, чекајќи водата да се повлече. Таа не се повлекла, па така сите си заминале пред градот целосно да биде потопен.
Во овој крај на Аргентина во текот на 1970-те и 1980-те наврнале исклучително поројни дождови.
Биле потребни цели 25 години за водите да се повлечат.
Водата зад себе оставила дебел слој на сол, покривајќи сѐ во бел прав.
Солената вода ги убила сите дрвја во градот.
Ова некогаш бил централниот плоштад на градот.