„Ова положба на заробеништво е понижувачка за животните. Тоа не е начин да се води грижа за нив“, изјавил Хорацио Родригез Ларета, градоначалник на Буенос Аирес, за време на церемонијата на затворањето на 140 години старата зоолошка градина. Родригез објаснил дека природните резервати низ Аргентина би биле посоодветно живеалиште на речиси 2500 животни во зоолошката градина, која планира да ја претвори во еко-парк.
„Мораме да ги цениме животните“, вели Родригез. „Начинот на кој живеат овде со сигурност не е како што треба.“
Животните кои нема да можат да бидат префрлени во поголемите природни резервати ќе останат во сегашната зоолошка градина, но со сигурност ќе имаат голема полза од неговото претворање во екопарк, при што условите за живот ќе бидат далеку подобри. Пред три години истата зоолошка градина беше критикувана поради смртта на поларната мечка Винер, која умрела како последица на високите температури.