Можете ли да замислите да не се враќате дома секоја вечер во свој простор? Ние често ги земаме нашите живеалишта здраво за готово, заборавајќи дека многу луѓе го немаат тој „луксуз“. Во индустријализираните нации, бездомниците се занемаруваат благодарение на присуството на изобилството и општествените класи. Овие хиерархиски структури имаат уникатна способност да нè раздвојат, поттикнувајќи да се натпреваруваме еден со друг и да се фокусираме на нашите индивидуални потреби, а не на колективните потреби.
За да стекне поголемо разбирање за тоа како е да се биде бездомник градоначалникот на Солт Лејк Каунти, Јута, Бен МекАдамс, поминал три дена (две ноќи) како бездомник на улиците. Според градоначалникот, неговото искуство е „шокантно“. Социјалниот експеримент на МекАдамс се одржал на 24 март, кога заминал од својата канцеларија за да тргне на своето тридневно патување на улиците.
Дури сега се дознало за експериментот на Адамс бидејќи тој не сакал да биде погрешно сфатен дека се обидува да направи „трик за публицитет.“ Тој првата вечер ја преспал директно на улиците, бидејќи сакал да сфати зошто луѓето спијат на улица, а не одат во засолниште за бездомници. Таа вечер паѓал дожд и било прилично студено.
„Беше студено, под 5 степени целзиусови. Се прашувате зошто луѓето избираат да го направат тоа, кога во засолништата имаат слободни легла.“, објаснува Бен.
Бен го добил одговорот наредниот ден откако заминал во засолниште, бидејќи таму имало само дрога и насилство. Засолништа не се како хотели никој не добива удобност и приватност. МекАдам, наводно, гледал како некој си инјектирал дрога во неговата рака и бил сведок на тепачка.
„Не сакам да се фокусирам на моето кратко искуство од прва рака, бидејќи знам дека има луѓе кои го гледаат истото и полошо секој ден“, рече тој. „Работите што ги видов за моето кратко време беа шокантни и ја потврдија мојата посветеност да преземам мерки веднаш“.
На МекАдамс му кажале да не ги собува чевлите бидејќи некој ќе му ги украде и да не оди во тоалет бидејќи таму е премногу опасно. Во засолништето немало само возрасни, туку цели семејства со деца барале кров над главата.
„Кој знае каква психолошка траума најверојатно му е нанесена на дете кое не знае каде ќе спие или од каде ќе дојде неговиот следен оброк?“, се запрашал МекАдамс. Тој е решен да им помогне на бездомниците и веќе почнал со изготвување на планови.