Театарот Кресони во Комо бил отворен во 1870 година и подоцна станал кино, пред да се затвори во 1997 година. Театарот требал да биде срушен за да се изгради луксузна резиденција. Градителите кои биле задолжени за рушењето се шокирале кога откриле богатство со непроценлива вредност во темелите на театарот.
Во ќуп тие пронашле златни монети од 5-тиот век. Мометите ќе бидат однесени на испитување, а потоа ќе бидат сместени во музеј. Според италијанските медиуми, монетите би можеле да бидат во вредност од неколку милиони евра.
Локалниот археолог Лука Риналди изјавил: „Ние не можеме да зборуваме за прецизна вредност, бидејќи тие не се пазарна стока, но секако се исклучителен наод и затоа се од непроценлива вредност.“
Министерот за култура, Алберто Бонисоли, рекол: „Ние уште не го знаеме детално историското и културното значење на откритието. Таа област се покажа како вистинско богатство. Откритието ме исполнува со гордост.“ Властите сега планираат да ја суспендираат работата на локацијата за да овозможат понатамошни ископувања.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.