Градот Вудленд, Северна Каролина, САД, неодамна изгласал да се одбие конструкија на соларна централа во областа бидејќи жителите се плашеле од потенцијалните последици. Некои жители се појавиле на состаноците инсистирајќи дека недоволно се знае за соларната технологија и дека соларните панели би можеле да доведат до бројни проблеми, вклучувајќи и „потенцијално трошење на сонцето“.

solarni-paneli

Една пензионирана учителка кој „најдобро знае“ на состанокот сугерирала дека присуството на соларни панели во областа би можело да го спречи развојот и растежот на растенијата, бидејќи „ќе остане помалку сончева енергија за фотосинтеза.“ Таа кажала дека областите во близина на соларни панели не биле толку зелени колку другите области, бидејќи растенијата добивале помалку сончева енергија. Покрај тоа, таа ги обвинила соларните панели и за зголемениот број на случаи на канцерогени заболувања.

„Сакам да знам што ќе се случи. Сакам информација. Што е доста, доста е. Не ја гледам добивката за градот. Луѓе ни доаѓаат со скриени агенди. Сѐ додека не дознаеме дали ќе ѝ нанесе штета на оваа заедница, не би требало да потпишуваме никакви документи“.

Друг жител тврди дека панелите ќе ја исцицаат сета енергија од сонцето и ќе го спречат развојот на бизнисот во областа.

„Го убивате вашиот град. Сите млади луѓе ќе се иселат“, додава тој.

Со вакви аргументи се судриле иницијаторите на воведување на сончева енергија во Вудлент, и покрај тоа што објасниле дека се работи за многу поефтин и  еколошки чист извор на обновлива енергија.

Сподели на Facebook
пати видено