За да луѓето да се охрабрат повеќе да читаат во јавниот превоз, на нашиот градоначалник Емил Бок му предложив да не им се наплаќа билет на патниците кои читаат книги. Ми требаше повеќе од година дена за овој предлог да го спроведам во реалност.
Кратко кажано, во периодот од 4. до 7. јуни 2015, секој кој во Клуж-Напока патуваше со книга, се возеше без пари.
Со моите пријатели спроведувам и други кампањи за да го промовирам читањето, како на пример, Букфејс. Луѓето кои на сликата на својот Фејсбук профил имаат книга, добиваат попусти на секакви места, од книжарници, до фризерски салони, па дури и во стоматолошки ординации. Спроведовме и акција за 23. април (Светскиот ден на книгата). На овој ден, луѓето кои имаа книга со себе, можеа бесплатно да ја посетат локалната ботаничка градина.
Нашиот најголем предизвик сега е да го убедиме и Марк Закерберг да направи Букфејс на неговиот Фејсбук профил.