Повозрасна госпоѓа влегла во еден супермаркет, купила два пакети храна за кучиња и тргнала кон касата. Касиерката ја запрела со зборовите:
– Госпоѓо, не можете да купите храна за кучиња се додека не го доведете своето куче. Шефот на фирмата сака да биде сигурен дека храната ќе ја јадат кучиња а не Вие! Политика на компанијата!
Жената не рекла ништо. По малку се вратила со своето куче, платила и си отишла.
По неколку дена пак отишла во продавницата, зела неколку кутии со храна за мачки. Историјата се повторила – ја довела мачката и си отишла. Следниот ден дошла со една кофа и ја замолила касиерката брзо да го отвори капакот и да бркне во кофата. Касиерката се изненадила и со незадоволство и ја исполнила желбата на муштериката, бркнала во кофата, а потоа веднаш збеснала и се развикала:
– Ама госпоѓо, тоа се го*на!!!
– Да, го*на се… Дај ми сега две ролни тоалетна хартија затоа што брзам.

Сподели на Facebook
пати видено