Џон Вејд, пензиониран учител од училиштето во Нов Јужен Велс во Австралија, доби парична награда во вредност од 90.000 долари во шоуто „Кеш Крава” во кое учесниците се пријавуваат телефонски и секое утро во емисијата се извлекуваат двајца добитници.
Среќниот добитник пред само една недела во својот дом ги згрижувал повредените и оние кои останале без своите домови во циклонот Деби. Оваа добивка, како што вели тој била исплата за неговото добро дело, иако сопругата Колин вели дека и покрај општата состојба на хаос, тој секое утро седел пред телевизорот во дневната соба со намера дека ќе добие профитабилен повик. Таа додава дека Џон играл секој ден, цели 4 години.