Горилата Коко добила посебен подарок за својот 44-ти роденден. На горилата позната по своето знаење на јазикот на глувонемите, и била донесена кутија со маченца и ѝ дозволиле да си избере некои од нив за миленичиња.
Ова не и е прв пат на Коко да изразува посебна љубов кон мачињата. Коко ја добила својата прва мачка Ол Бол во 1984 година, откако со знаци изразила дека сака вистинска мачка, а не играчка мачка.
Коко живее во Фондацијата за горили во Редвуд Сити, Калифорнија, заедно со нејзиниот тренер, Френсин Патерсон. Според Патерсон,Коко може да разбере 2000 англиски зборови и комуницира со своите тренери употребувајќи 1000 знаци на „знаковниот јазик на горилите“. Кога Коко дознала дека мачката Ол Бол умрела, се расплакала и со знаци покажала “Спиј, маче“. Ете, ова е жив пример дека ние луѓето не сме единствените живи суштества способни за сложена комуникација.