Бен Колинс и неговата девојка Даниел Кирк биле на одмор во Бристол и одлучиле да ја посетат зоолошката градина. Тие едвај чекале да ги видат западните рамничарски горила. Зоолошката градина во Бристол има 7 рамничарски горила.

Додека стоеле заедно со останатите посетители и ги набљудувале горилата како јадат, еден од нив им се насмевнал и им покажал среден прст.

Сите посетители почнале да се смеат, а горилата охрабрен од позитивната рекација продолжил да им покажува среден прст на луѓето. Бен успеал да направи неколку фотографии од животното.

Бен вели: „Горилата се прилично забавни. Очигледно се навикнати да ги имитираат луѓето, а некои од нив добиле и лоши навики како животното на фотографиите. Секој кој ќе го видеше почнуваше да се смее, а тој продолжи да го прави тоа некое време. Мислам дека сфатил дека добива добра реакција. Тоа беше толку смешно.“

Сподели на Facebook
пати видено