На видеото се гледа како еден љубител на животни го ризикува својот живот за да и даде вода на жедната кобра. Работници од Гоа, Индија ја забележале дехидрираната кобра на едно дрво во близина на бара и веднаш тргнале да бараат помош. Тие се јавиле во здружение за заштита на животни кои што испратиле тим. Човекот по име Сингх ја симнал змијата од дрвото, за подоцна да и даде вода. Едно каснување од кралска кобра може да убие и слон.