Гордиот татко Хорхе Диаз, заедно со неговата сопруга Ена со љубов присуствувале на доделувањето на дипломите на нивната петорка, во рок од еден викенд, на истиот Универзитет. Сепак 5-те деца ибрале сосема различни насоки за студирање.
Ена, Марија, Емилио, Џорџ и Џон Диаз ги ставија своите капи и наметки за да ги прифатат нивните сертификати по четиригодишно студирање на Универзитетот во Северен Тексас. Петорките кои се родиле во рок од три минути во јули 1996 година, живееле во иста студентска куќа и заедно учеле во библиотеката за крајните испити.
Сите, исто така, работеле со скратено работно време во ресторани, земале студентски кредити и ја користеле програмата за финансиска помош на Универзитетот за да можат да студираат.
Но иако тие имааат многу заеднички нешта дипломирале на сосема различни факултети. Браќата и сестрите се стекнале со диплома по биологија, финансии, Шпански, социјална комуникација и уметност.
„Уште кога се родија сите ме прашуваа како ќе успејам да ги запишам на факултет.“, вели Хорхе, кој потекнува од Гвадалахара во Мексико.
Неговите деца велат дека никогаш досега не го виделе нивниот татко толку среќен. Исто така изјавиле дека нивната мајка Ена им била голема поддршка во процесот да се осамостојат за нивниот студентски живот.
Освен за петорката студирањето било голем предизвик и за нивниит најмал брат Себастијан, кој има 17 години. Неговата сестра Ена вели: „Беше дефинитивно шок за системот на Себастијан. Тој израсна со сите нас околу него, а потоа сите одеднаш не снема.“