Тајван е во преговори со Google за да ги замагли сликите од нивните најчувствителните воени локалитети, кои беа случајно откриени на јавноста преку најновите 3D карти на Google Maps. Деталните сателитски снимки на новите 3D-карти на Google ја откриле локацијата и структурите на базата на противракетна одбрана на остров во Хиндиан округот, Нов Тајпеј, а сето тоа било толку детално опфатено што се гледале и моделите на проектилите.

Според информациите на Тајван, инфраструктурата за одбрана на Бирото за национална безбедност и военото разузнавачко биро, исто така, биле детално прикажани.

Структурите биле откриени откако Гугл ја лансираше новата функција во среда со тридимензионален преглед за четири главни градови во Тајван: Тајпеј, Нов Тајпеј, Таојуан и Таичунг. Министерот за одбрана на Тајван, Јен Тех-фа, изјави дека е формирана работна група за работа со Гугл за да побара соодветни прилагодувања за да ја заштити националната безбедност и да ги заштити тајните локации од напади од страна на Пекинг, во случај на конфликт.

Проектилот патриот е високо мобилен проектил. Првенствено се користи од страна на војската на САД и неколку нејзини сојузнички земји. Тајванскиот акт за заштита ги спречува техничките компании, како што се Гугл и Епл, да ги откријат големите воени бази на островот. Но, законот не се однесува за сите локации вклучувајќи го и Хиндиан.

Јен призна дека Тајван не е единствената земја што се соочува со национални безбедносни закани поради напредната и прецизна комерцијална сателитска технологија. Ова не е првпат Тајван да побара од Google да направи измени на нивните мапи.

Во 2016 година, Министерството мораше да побара од Google да го замагли дел од островот Таипинг или Иту Аба во Јужното Кинеско Море, каде се гледаа четири нови воени структури на западниот брег.

Сподели на Facebook
пати видено