Ако прашаш некој Македонец за то шо значи мангуп, сигурно ќе ти речи преварант, арамија, лажов, неранимајко, бесрамник и сл.
Е, дами и господо во Битола е обратно. Мангупо кај нас е џентлмен, учтив, културен, работлив, достоен на дадениот збор, поштен, сегде го има, ништо без него не почнува и без него не завршва. Тие се секогаш најпосакувани гости по ресторани, кафичи, клубој оти трошат најмногу пари , а и знат често да остат голем бакшиш. Единствена мана на овие мангупи е шо сакат да се пофалат за своите подвизи, независно дали на љубовен план или на бизнис и сакат да бидат во центар на внимание. Ваквите мангупи кај нас ги викаме Кабадаии. Исто така кај нас е добро познато дека мангуп можиш само да се родиш, а неможиш да се прајш, а не можиш ни да станиш, оти во мангупраењето се нешто или ќе ти фали или пак ќе имаш од поќе.
Сега сакам да ви раскажам една приказна шо ми ја кажваше дедо ми стално, а ќе пробам да ја доловам буквално.
Имало порано некој селски мангуп или Голич Кабадаииа по наше, дошол во Битола да продава “Пуфки” шо велат старите. Бил многу убо дотеран, со убај чели, со сако и пантолони кроени од најуба басма. Пантолоните биле толку убо испеглани шо можиш од работ да се сечиш. Бил многу личен, а и од гимназијата многу чупиња го засакале. Ги земал чупињата со пајтон и ги носел по меаните на Дембел чаршија. Јаделе, пиеле, а мангупо на меанџијата му велел да го пиши есапо и на крајо од месецо дека ќе плати. Меанџијата ко меанџија, знаел дека овдешните мангупи на крај месец плаќаат, па дури и преплатуваат , па есапо му го клал близу до на Алтипармак. Поминал месецо, заминал вторио, мангупов уште се перчи и кофрчи, па дури шо велат Прилепчани почнал и “Чифтиња да врла”. Тера вара време, се собрале меанџиите да видат, муабет да чинат , да се договорат шо ќе прат со мангупо шо не плаќа. Се распрашале, тој да ти бил син на некој трговец од Штип, ошол Кривашиа напазар во Штип , па од татко му собрал 7000 гроша за да го плати долго во Битола, арно ама се вратил со аманет, да го начекат негде мангупов во темнина и со црна торба на гла да му напрат капица. Толку многу го истепале шо никој поќе ниту го видел ниту пак слушнал за него . А мнозина мавале со мотки и ластегарки и со по некој камен. По некое време на Битолскиве мангупи многу тешко му паднало оти напрајле така и се договориле поќе по сокаци да не се тепат оти е многу страмота од чупињата, а и од светов, оти не личи Битолски мангупи да се тепат, многу е ниско нечоечки, малограѓански и ептен селски.
Многу години подоцна, СЕГА, Битолските мангупи многу жалет за завето шо го дале. На манифестацијата на едни од најголемите мангупи во градо браќата Манаки, дојде еден јунак, Голич Кабадаииа и селски мангуп , шо цела чаршија ја зафркнал и денар не платил. Шо да се прај, ај да не е страмота да не пукни резил, оти цел крем од државата собран тука, па дури Лабина почна и свето да го носи во Битола. Мангупите се договорија за атеро на браќата, да не го малтретират овој режисеро, туку да го игнорират, оти игнорирањето најпоќе ги боли ваквите селски мангупи како овој нашио филм шо напрај на вересија. Ама и то нечинело, кај сиромав овој и сики Бујук се прај. Ко фати да вреѓа од браќата, до Лабина, па до селски слави, манифестации и да мафка со малограѓанштина.
Требаше господине да ти дојме на тој тепихо црвен кај шо не те пречекаја, да те подбериме со јајца, домати по та глата, па да видиш шо селска слава се прај и каква е таја малограѓанштина. Ама живеј, барем видовме шо Голич Кабадаииа си…
Поздрав и да му живеј името на најголемите мангупи во Битола браќата Манаки. Е то е мангуп, тој Милтон, рече, ојде и му дојсе камера да се снимат сите низ град уште пред 100 години. Пријатно !!!
Автор: Виктор А.К.А. Башлак