Многумина мислат дека питбулите се страшни. Со години тие се тренирани како злобни кучиња чувари и се борат во незаконските борби со кучиња. Ова е раса на куче со која не би сакале да се задевате.
Сѐ додека не видите вакво куче во неволја. Кога станува збор за питбулите, многумина не увидуваат дека тие најчесто се напуштани и оставани самите на себе. Засолништата за животни се полни со нив и никој не сака да ги земе во својот дом токму поради нивната историја и репутација.
Затоа е толку трагично да се види сторија како оваа за еден питбул кој бил оставен да умре, изгладнет и исплашен, крај еден пат. За среќа, постојат луѓе како овие херои кои не се плашат да помогнат.