Еден нејзин оброк количински можел да прехрани 4-члено семејство и главно се состоел од брза храна и крофни.

Мишел Елбертсон, дадилка, од Филаделфија тежела 193 килограми кога била предупредена од докторите дека нема да го дочека својот 27ми роденден доколку не го смени начинот на живот.

Мишел сериозно ја сфатила својата ситуација и изгубила 95 килограми, истрчала 30 маратони и станала модел во маратонско трчање.

За да ја намали својата тежина таа први почнала со едноставни вежби и подолги прошетки, а потоа постепено почнала и со трчање. Мишел објаснува: „Морав да почнам со вежбање за да го движам моето тело почесто и да ми се забрза метаболизмот. Претходно правев се што можев за да го зибегнам вежбањето, но сега МОРАВ. Почнав со пешачење околу квартот и си поставував нови цели.“

Наредната цел на Мишел била трка на 5 километри во Дизниленд и тоа е моментот кога Мишел станала заинтеренсирана за трчањето. „Кога бев „тешка“ дури и најлесните задачи, како што е одењето по скалите ми беа тешки. Ја скршив ногата на 3 места поради мојата тежина. Постојано морав да носам апостолки.“, вели Мишел. Сега мишел тежи 87 килограми и таа оваа година се спрема за нејзиниот прв натпревар во бодибилдинг.

Сподели на Facebook
пати видено