Со неговите силни раце, челични стомачни мускули и бујни нозе, Лазаро Алманарас има тело со кое може да се носи со мажите двапати помлади од него.62-годишниот Лазаро од Лондон е шампион во бодибилдинг – и нема планови да се пензионира во догледно време.

За FEMAILтој споделува: „Луѓето ме прашуваат кога ќе одам во пензија. Мојот одговор? Никогаш! Ова е мојата страст и ќе продолжам да го развивам своето тело сѐ додека можам. Ја сакам својата работа, сакам да тренирам и сакам да се натпреварувам. Ова го правам веќе 37 години и уживам во секоја минута од тоа.“

lz01

Лазаро работи како личен тренер за Енитајм Фитнес во Лондон и секој ден вежба за да го одржува и развива своето тело, што му донело преку дванаесет трофеи и безбројни медали. Започнал на дваесети петгодишна возраст, кога вежбањето му се чинело како совршен начин за да ја надмине трагичната загуба на своето прво дете, кое се родило како мртвороденче.

Пред тоа никогаш во својот живот не помислил на крева тегови, но му требало нешто да ги оттргне мислите колку што може повеќе и помислил дека кревањето тегови е најдобриот начин да се справи со стресот. За една година учествувал на своето прво натпреварување. Тој се присетува: „Секогаш кога судијата ќе побараше да направиме некоја поза, морав да ги погледнам другите и да ги имитирам. Во тоа време моето тело беше во одлична форма и си мислев дека ќе освојам солиден пласман, но не ни сонував дека ќе го освојам второто место.“

lz02

Сега тој може да крева тегови за кои мажите на половина од негова возраст би можеле само да сонуваат да можат да го сторат тоа. „Беше лудо“, раскажува тој, „сосема се навлеков. Продолжив да победувам и да се пласирам во врвните три, освојувајќи трофеи. Верувам дека ако сте решени, можете да продолжите да се усовршувате и да станувате подобри. Годините за мене се само бројка и нема да дозволам мојата возраст да ми попречи во кариерата. Возраста им дава можност на луѓето да се опуштат и да направат чекор наназад. Никогаш не ми веруваат кога ќе им кажам колку години имам. Се шокираат и веднаш ме прашуваат која е мојата тајна за ваквото тело. Јас им велам – решителност, цел пред себе и упорност. Колку сте поактивни, толку помлади се чувствувате, ете толку е лесно.“

lz03

Лазаро во своите дваесетти, пред да почне да вежба.

Исхраната на Лазаро е збогатена со протеини и умерено количество на јаглехидради и масти. Својот ден го започнува во шест часот наутро со LA Whey протеински шејк измешан во литар вода. Потоа оди во салата да тренира, по што зема уште една доза протеини, пред да го има својјот прв оброк за тој ден, кој се состои од 12 белки од јајца, мисиркини гради и чинија овес.

Потоа го почнува својот работен ден, тренирајќи ги своите клиенти. Во текот на денот продолжува да конзимира протеински шејкови и оброци збогатени со протеини.

lz04

„Не е лесно да го сместите сето тоа, но кога ќе си направите распоред, вашето тело се навикнува на таквата исхрана, лесно е.“

Лазаро однапред си ги подготвува своите оброци, за никогаш да не се случи да пропушти и јаде на секои 2-3 часа.

Лазаро е роден во 1953 година во Куба, во семејство на фабрички работници. Кога отслужил војска, тој и неговата сопруга избегале во Англија.

lz05 lz06

Сподели на Facebook
пати видено