Гоце Делчев, Крали Марко и Итар Пејо некако се нашле денес во модерна Македонија. Се договориле секој да ја разгледа самостојно и потоа да се сретнат и да споделат мислења за она што ќе го видат.
На крајот на денот се собрале и почнале да ги споделат своите искуства. Гоце Делчов рекол:
– Не ми се допадна! Ништо од она за што се борев, не постои!
Крали Марко рекол:
– Не ми се допадна! Ретко кој пие вино, а и веќе не се управува како порано – еден човек со цврста рака. Сега се 123, сите се нежни и дремат по цел ден…
Конечно и Итар Пејо рекол тажно:
– И мене воопшто не ми се допадна! Толку измамници, лицемери и лажговци има што јас изгледам како најчесниот човек каде и да одам.