Лукас Дитрих (18) бил обвинет за сурово однесување кон животните откако посетил јавна фарма и објавил видео снимка како удира магаре во лице на својот профил на Твитер. Дејствието се случило на фармата Вилоугбај, во областа Колинсвај, во државата Илионис. Сопственикот на фармата Керол Фрекер, ја повикал полицијата откако забележал како Лукас ја удира 13-годишната магарица од минијатурната медитеранска раса.
Лукас на фармата дошол по повод роденденска забава, каде наводно го удрил животното со намера да привлече внимание меѓу пријателите. Од полицијата известуваат дека ќе му биде пресметана парична казна за физички напад на животно.