Шест години се искачувам на најзначајните згради во Будимпешта, нејзините кули и сё друго за да ги снимам најсовршените фотографии на мојот град. Вистинска љубов и страст! Дури понекогаш и си го ризикувам својот живот за да го сликам во неповторливо светло и од неверојатни височини.
Се обидувам да сликам во различно светло и во различни временски услови бидејќи на сите сакам да им покажам колку е прекрасна Будимпешта. По професија сум машиновозач, но мојата вистинска страст е фотографијата. Со неа сакам на светот да му покажам колку сум горд на местото во кое живеам.