Татко е обвинет за убиство откако ја оставил својата ќерка во вжештена кола, а потоа ја ставил во фрижидер место да повика полиција. 33-годишниот Мајкл Тедфорд, невработен наставник, бил уапсен во областа Колин, во близина на Далас, САД. Бил обвинет за убиство по смртта на неговото шестмесечно бебе Ферн и пуштен на слобода со кауција од 20 000 долари.

dt01

Тедфорд ги оставил своите други деца, кои се на возраст од три и пет години, во јасли – но заборавил за Ферн, којашто останала врзана во бебешкото седиште во колата, додека надвор температурата се искачила на 32°C. Во изјава соопштена преку нивниот адвокат, Тедфорд и неговата сопруга Џенифер кажале дека си ги сакаат децата. „Срцата ни се скршени поради загубата на нашето прекрасно бебе“, велат тие. „Ние си ги сакаме нашите деца. Ја сакаме Ферн, и нашите срца никогаш нема да заздрават.“

dt02 dt03

Децата ги оставил во 9 часот наутро. Околу 13:30 биле повикани полицајци во нивниот семеен дом кој се наоѓа на околу 64 километри оддалеченост од градот Далас. Откако по оставањето на неговите деца во детските јасли се вратил дома, Тедфорд си влегол во куќата и заспал. Некои четири часа подоцна го нашол кутрото бебе во ужасна состојба на задното седиште на својот автомобил. Го извадил девојченцето и го ставил во фрижидер „на неопределено време“ и повикал 911. Подоцна го ставил детето на кујнскиот под и се обидел да го реанимира, давајќи му вештачко дишење.

dt04

Тедфорд кажал дека неговата ќерка била вкочанета и „жешка како тула“ кога ја нашол во возилото. Во време на инцидентот неговата сопруга била на работа.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено