На еден маж во Висконсин рутинската посета во берберница му го упропастила животот. Кит Кровел од Милвоки, САД има огромни бенигни тумори (келоиди) на вратот како последица на тоа што берберот го исекол на вратот при бричењето. Откако го исекол, раните не зараснале како што треба, туку се појавиле израстоци кои продолжуваат да растат и изгледа како туморот да му „седи“ на вратот.

lz01

Кровел бил присилен да живее со таа болест повеќе од десет години. Се подложил на оперативен зафат во два наврати, но состојбата само се влошила и израстоците станале уште поголеми.

„Понекогаш се чувствувам навистина лошо, сакам да живеам како нормална личност“, вели несреќниот човек, чиешто здравствено осигурување не сака да ја покрие новата операција, бидејќи тоа го сметаат за операција од естетска природа.

lz02

Со оглед на тоа што тој самиот нема пари за трета операција, покрената е хуманитарна акција за собирање средства.

„Во Њујорк има доктор кој може да ги реши моите проблеми и тврди дека операцијата ќе биде 96 отсто успешна. Не се во право кога велат дека се работи за естетска корекција. Ова е мојот живот“, истакнува Кровел, кој споделува дека тешко спие поради иритација на кожата. Исто така, има проблем и со голтањето како и потешкотии со слухот, бидејќи туморите ги покриваат неговите уши.

Келоиди се бенигни тумори кои се јавуваат поради прекумерна активност на фибробластите. Се јавуваат по повреда или некоја друга патолошка состојба на кожата, а можат да се јават и спонтано. Најчесто се создаваат по изгореници, акни, бактериски инфекции, како и по постоперативни лузни.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено