Сите македонски граѓани, кои заклучно со 31.12.2016 година биле членови на пензиските фондови од задолжителното и доброволното капитално финансирано пензиско осигурување, на своите контакт адреси ќе го добијат зелениот плик.
Како и минатата, така и оваа година, годишните извештаи за пензиска заштеда на членовите на пензиските фондови со кои управуваат НЛБ Нов пензиски фонд и КБ Прво пензиско друштво, заедно со резултатите што друштвата ги оствариле во корист на членовите, се доставуваат во веќе препознатливиот зелен плик.
Точноста на личните податоци на секој член е клучна за навремена достава на зелените пликови и затоа членовите треба да ја ажурираат секоја промена на своите лични податоци.
Контактирајте го Вашето пензиско друштво за да добиете информации за најбрзиот начин како да ги ажурирате своите лични податоци.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), (02) 3224 229, www.mapas.mk