Зборот „рај“ подразбира толку претстави и значења колку што има луѓе на светот. Кон тоа вреди да се додаде и ова место како доста добар конкурент за титулата „Рај на Земјата“. Сонева Гили е одморалиште на Малдивите претставува спој од природна убавина и рафиниран луксус на кој му нема рамен. Сместен на изолирана локација во Индискиот океан, ова одморалиште нуди оддалечување од сѐ како вистински начин за опуштање и полнење на батериите.
Прекрасните вили се распослани врз кристално чистите сини води кои го опкружуваат одморалиштето.
Само неколку чекори по скалите од вашиот кревет и веднаш сте во прекрасните води на океанот.
Глетките кои ги нуди одморалиштето се неверојатни.
Поглед кон внатрешноста на една од вилите.
Прекрасна глетка како надополнување на вкусот на добрата храна.
Како што заоѓа сонцето, се палат нежни светилки кои ја дополнуваат убавината на зајдисонцето на овој остров.
Група гости собрани пред океанот на зајдисонце.
Замислете си да се разбудите крај вашата сакана и да го слушате смирувачкиот звук на океанот насекаде околу вас.