Како да наречете куќичка која може да стои врз плитки или длабоки мирни води, еколошка, на сончева енергија и направена речиси 98 отсто од рециклирани материјали? Ние би ја нарекле вистинско вопшепство, но дизајнерската група Џанкарло Зема ја нарекла WaterNest 100.
.
Џанкарло Зема работат во Рим и специјализираат во архитектонски структури на вода, водни паркови, пловни сместуваки капацитети, јахти и ентериерни дизајни. Го дизајнирале Water Nest 100 за EcoFloLife, компанија од Лондон која произведува и порадава еколошки, пловни станбени објекти.

Покривот на воденото гнездо е конструирано од 60 квадратниметри аморфни фотоволтаични панели (соларни панели), кои генерираат 4 киловати во идеални услови.

Осветлувањето дење не претставува никаков проблем. Овој станбен простор од 100 квадратни метри е со пречник од 12 метри и висока 4 метри. Конструкцијата вклучува и балкони на страните и големи прозорци. Во бањата и кујната има прозорци на покривот.

Најдоброто нешто кај ова водно гнездо е што може да се примени за најразлични намени: може да биде живеалиште, простор за изнајмување, канцеларија, бар, сѐ што би можеле да замислите. Уживајте во прекрасните глетки на овој дизајн кој ни нуди нов концепт за тоа како би можеле да изгледат живеалиштата во иднината, а иднината дефинитивно е тука и сега.

gn01 gn02 gn03 gn04 gn05 gn06 gn07 gn08

Сподели на Facebook
пати видено