Жена која се шетала низ зоолошка градина во Бронкс најверојатно кога го видела лавот си помислила: „Леле колку е сладок, да одам да се поиграм со него!“, да така е, па и решила да си ја реализира замислата. Таа ја прескокнала оградата и почнала да се подбива и да го замара кралот на животните.
За среќа и тој знае дека попаметниот попушта, а и најверојатно се плашел дека глупавоста е заразна, па реши да не ја изеде. Од зоолошката изјавиле дека против жената ќе бидат преземени правни мерки.