Кога некој ќе ви ги спомне големите камени глави на Велигденскиот Остров (мала точка во Тихиот Океан) веорјотно си ја замислувате таа слика – големи камени глави. А сепак, овие неверојатни скулптури се многу повеќе.
Статуите нарчени моаи, биле изградени во периодот помеѓу 1250 и 1500 година од страна на народот Рапа Нуи, кои се доселиле од Полинезија. На островот има вкупно 887 сглави, а највисоката е висока 9.1 метар и тежи 82 тона. И покрај огромната големина, има доказ дека многу од нив биле движени наоколу по островот.
Статуите ги претставуваат обоготворените предци, и првично биле поставени да гледаат во земјата на предците.
Ова поле е начичкано со моаи глави, кои што тука стојат со стотици години.
Но, статуите не се само глави. Истражувачите откриле дека под земјата се кријат и нивните тела. Со текот на вековите, годишните услови едноставно ги затрупале со земја до вратот. Телата се протегаат неколку метри под земјата, и додека многу од нив се ископани, уште повеќе се сѐ уште затрупани.Телата се покриени со петроглифи коишто сѐ уште не се дешифрирани.
Ископаните статуи кај Аху Тонгарики
Сенкои од поновите моаи се претставени со пунџи, наречени пукао, какви што носеле поглаварите.
Статуите биле украсувани и со очи како овие, направени од бел корал. Очите на оваа статуа биле реконструирани. Се верува дека кога моаите биле нови, токму по украсите можело да се види кого тие претставуваат.
Повеќето моаи се на крајбрежјето, а оваа група е најдлабоко во копното од сите моаи.
Ископувањата ги откриле телата скриени под површината.
Со ископувањата се откриле и извесни резби на нивните грбови. Сѐ уште не се знае што точно значат тие.
Возможно е дека ги претставуваат традиционалните Рапа Нуи тетоважи коишто луѓето ги имале, или можеби раскажуваат за некој предок. Во моментот се проучуваат.
Некаде околу 1500 година, нивната изработка престанала. Религијата на народот се променила од обожување на предците до обожувањето на фигура на половина човек, половина птица.
До 1700-години, како последица на судирот помеѓу клановите и нивната борба за моќ, многу од моаите биле срушени, додека други паднале за време на земјотресите. Потоа, островот кој се соочувал со недостаток од храна поради обесшумувањето, бил колонизиран од христијански мисионери, коишто почнале да ги потиснуваат домородните традиции. Поради тоа, вистинската приказна зад моаите се обвиткани со мистерија.
Денес повеќе од 50 моаи се повторно кренати, ископани и поставени на нивните првични камени платформи. Некои се пренесени во музеи низ разни краишта на светот.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.