На тригодишно момче му била дијагностицирана ретка состојба која предизвикува неговиот мозок да набабри во двојно поголем обем од нормалниот и неговото семејство моли да му се изведе операција која ќе му го спаси животот.

Кога имал две години, на Чао Пенгвеи му бил откриен хидроцефалус, кој предизвикува насобирање на течности во мозокот. Третманот за успорување на отекувањето досега се покажал како неуспешен и момчето ќе мора да се подложи на хируршка интервенција за да се отстрани вишокот течност од неговиот мозок.

cao-1

Неговите родители кои веќе го изгубиле неговиот брат близнак кога имал само три месеци, веќе насобрале долг од 200.000 јуани (околу 32.500 евра) за лекувањето на нивниот син и велат дека не можат да си дозволат да ја платат неопходната операција.

Чао, чијашто глава нараснала до 78 сантиметри во дијаметар поради реткото нарушување, веќе два пати морал да ја напушти болницата во Џиуџуанг во областа Ксјушуи, бидејќи неговите родители немале средства да ги платат болничките трошоци.

Со солзи во очите, мајката Динг Мелинг вели дека ѝ се кине срцето кога гледа како нејзиниот син страда. Вели:

„Третманот ме истошти, но не сакам да се предадам. Сега немам никакво решение. Се надевам дека луѓето со добро срце ќе му помогнат на мојот син“.

Според здружението за хидроцефалус, едно или две од секои 1000 бебиња се раѓаат со хидроцефалус, што значи дека ова нарушување често колку и Дауновиот синдром.

Дури и по успешниот зафат, во текот на животот можат да се случат инфекции што значи дека е можно да се јави потреба за повеќе хируршки интервенции во текот на нивниот живот. Повеќето луѓе родени со ова нарушување исто така страдаат и од ментални и телесни нарушувања, иако во различен степен од случај до случај.

cao-3

Таткото на детето изјавил:

„Докторите сугерираат операција, но ние немаме пари. Очајно се надеваме дека некој ќе сака да му помогне на нашиот син.“

Мајката додава:

„Ќе го спасиме, по секоја цена.“

ca0-2

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено