Млади се, паметни, генијални. Тим од тројца млади македонски иноватори, 3 средношколци и 1 студент со својот проект успеаја да се пласираат на интернационален натпревар на НАСА по хардвер и софтвер во ТОП 25 проекти од целиот свет. Овој интернационален натпревар се случува на 161 локација во целиот свет.
Проектот им се вика Авис. Авис е алка за рака со која може да се контролираат дронови, да се следат временските услови и да се предупреди корисникот за зони во кои не смеат да се летаат дронови.
ДА ГИ ПОДДРЖИМЕ ОВИЕ МЛАДИ ИНОВАТОРИ!!! Ајде, заедно да гласаме за проектот на македонскиот тим од 3 средношколци и 1 студент, кој НАСА го одбра како еден од 25 најдобри проекти на светскиот натпревар. Да им помогнеме со нашите гласови да го освојат врвот!
Гласаме за АВИС на следниот линк.
СЕКОЈ ДЕН ДО НЕДЕЛА до 20 часот.
Напомена: Гласовите се бројат дневно, не заборавајте да гласате за Авис секој ден!
Кликнете на овој линк и само следете го упатството. Да ги поддржиме нашите генијалци. Гласај и сподели на својот ѕид. Да бидеме сите дел од успехот.