Голема женка со должина од 6 метри и нејзиниот мал партнер биле фатени и убиени од страна на гладни селани, кои подцна ги исецкале и ги испржиле влекачите. Локалните жители на малезискиот остров Борнео го пронајдоа парот во паднато дрво, додека биле на ловечко патување минатата сабота. Додека поминувале слушнале чудни звуци кои доаѓале од внатрешноста на исушеното шупливо стебло и решиле да го снимаат моментот на откривање.
Со помош на моторна пила тие ја пресекле кората и биле воодушевени кога ви виделе рептилите, кои се сметаат за деликатес во далечниот регион Саравак. Неколку мажи ги влечеле животните пред да бидат застрелани и ставени во камион. Подоцна истите им биле сервирани на гладните жители на селото.
Подготвен според локален обичај, питон се пече на огнот или се пржи во тава со зеленчук, а потоа се јаде со ориз. Среќниот Тинсунг Ујанг кој го пронашол парот изјавил дека селаните во Бинтулу во близина на реката Келавит ќе се насладуваат со месото со денови. Тој рекол: „Погледнав во дупката и се изненадив кога видов дека женката се пари со многу помал мажјак.“
Кога се вратил во неговото село Тинсунг бил поздравен од селаните, а месото било поделено подеднакво на селаните и на фармерите кои се наоѓале во близина на селото. Мрежестите питони се најдолгите и најголемите змии во светот. Тие се одлични пливачи и како и сите питони, не се отровни.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!