Во 2004 година, истражувачи кои проучувале делфини во Шведска, забележале одреден збир на звуци кои што претходно не ги слушнале. Овие звуци се состоеле од краток рафал на пулсирања, проследен со свирење. Во понатамошните набљудувања истражувачите откриле дека овие сигнали биле направени само од страна на делфините за време на нивната игра „борење“ и никогаш за време на агресивни конфронтации.
Нивниот заклучок бил дека овие звуци ги испуштале делфините за да се покаже дека ситуацијата е пријатна и незаканувачка и со цел да помогнат да се спречи играта да ескалира во вистинска борба. Ова, според психолозите, е причината зошто смеењето постои воопшто, сугерирајќи дека овие звуци на делфините се еквивалент на човечкото смеење.