Илјадници Португалци за шампионската титула на европското првенство во фудбал ќе зборуваат како едно од најсреќните доживувања во животот, но семејството на 27-годишниот Фидел Никитин од Ижевск, Русија, финалето на Евро 2016 ќе го помни како голема лична трагедија.
Продавачот на мобилни телефони од Русија паднал во големи долгови и се обидел да се извлече во обложувалница. Сета своја заштеда, околу 3000 евра, ја уплатил обложувајќи се дека Франција ќе го освои европското првенство – и изгубил.
По последниот свиреж на судијата Марк Клатенберг,се упатил кон блиската пруга, оставил порака на Фејсбук и потоа се фрлил под воз.
„Простете ми“, напишал во прошталната порака.
Локалната полиција тврди дека машиновозачот се обидел да го предуипреди со звучни и светлосни сигнали, но Никитин не обрнал внимание на нив и скокнал на пругата.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!