Кен Варф, долгогодишен телохранител на принцезата Дијана, во колумна пишува за тоа во што и кого ја наоѓа одговорноста за погибието на принцезата. Еве дел од неа.

Ноќта беше многу жешка, и си лежам јас во мојот кревет во викендицата во Дорсет, речиси пред да заспијам, кога тишината ја прекина звукот на мојот пејџер во 4 часот наутро. Го напипав во темницата. Пораката на малиот екран велеше итно да го контактирам главниот надзорник Деј Дејвис во Одделението за обезбедување на дипломати и членови на кралското семејство. Во викендицата немаше телефон, па така облеков стара облека и појдов до телефонската говорница на оддалеченост од неколку минути. Небото веќе зазоруваше. „Имам лоши вести“, рече главниот надзорник, без никаков увод. Тоа што ми го кажа ме запрепасти: Принцезата од Велс е мртва, загинала во сообраќајна несреќа во Париз таа ноќ.

dj01

„Сакам да се вратиш во Лондон најбрзо што можеш, и да помогнеш во координирање на организирањето на погребот“, додаде тој. Шокиран, речиси без зборови, кажав дека веќе тргнувам.

Имаше денови кога, откако престанав да ја чувам Дајана во 1993 година, се прашував дали бев во право кога дадов оставка. Овој таков миг беше најпотресниот. Принцезата, која ја чував толку многу години, лежи мртва во болница во Париз.

Како што возев кон Лондон, мојот постојано се навраќаше на истите прашања. Дали нешто можело да се стори што можело да ја спаси? И како ова воопшто можело да се случи. Колку да се знае, да бидам јасен дека цели шест години безбедноста на принцезата беше целосно во моја надлежност, додека нејзиниот телохранител во Париз, Тревор Ри Џонс, беше крај неа само неколку недели.

Иако ужасно повреден, тој беше единствениот преживеан во сообраќајката која исто така го уби Доди Фаед, љубовникот на Дајана, и нејзиниот возач, Хенри Пол. Па така, од името на професионалците во одредот за обезбедување на Мет, дозволете ми да кажам дека ниту Рис-Џонс ниту кој било од телохранителите кои ја обезбедуваа Дајана во тие два месеци пред нејзината смрт, не беа од нашето одделение.

Сѐ уште не може да се опише со зборови колку сум лут поради тоа што овој тим од „телохранители“ дозволи таа да настрада. Нашето одделение се грижеше за нејзината лична безбедност некои петнаесет години. Екипата на Фаед задолжена за нејзината безбедност се грижеше за неа само осум недели пред нејзината смрт.

dj02

Рис-Џонс беше бивш војник без неопходен тренинг за обезбедување на член на кралското семејство. Кога првпат дознал дека е назначен од страна на семејството Фаед да ја обезбедува Дајана во Франција, можел неформално да исконтактира со Скотланд Јард за состанок.

Наместо тоа, според неговите мемоари, тој на тоа гледал како на „ужасно интересно патешествие“. Покрај тоа, загрижувачки е тоа што се фалел дека добар тепач. Тоа наметнува некои сериозни прашања во поглед на неговата соодветност. Способноста да се справиш во улична тепачка не е достаточна квалификација да заштитуваш некого како Дајана.

Основната улога на телохранителот е да ја употребува својата интелигенција, контакти и инстинкти за да спречи повредување на клиентот преку избегнување на конфронтација. Клучна поента тука е неговото непознавање на папараците. Тој размислувал како да е во армиските денови, опишувајќи ги новинарите како „непријателот“ и нарекувајќи ги фотографите „снајперисти“ со нивните долги објективи кои изгледале како магацини на пушка.

Исто така бил преобземен од принцезата. Во својата книга тој спомнува колку му била привлечна, и дека сакал да стори сѐ за да ѝ удоволи. Ова не е компатибилно со мисијата на заштитување. Во име на безбедноста на Дајана, јас никогаш не можев на тој начин да ѝ се восхитувам.

И најсериозно од сѐ, Рис-Џонс направил ужасна грешка во проценката кога дозволил Доди Фаед да влезе во играта „победи ги папараците“, кое довело до фаталната сообраќајна несреќа со огромна брзина во тунелот Понт дел Алма на 31 август, 1997 година.

Но, трагедијата пред сѐ лежи во одбивањето на Дајана на понудата на кралицата за 24-часовна заштита од Скотланд Јард. Ова неизбежно довело до сплет на настани кои довеле до нејзината смрт.

dj03

Принцезата, како и повеќето од кралското семејство, своите телохранители ги земаа здраво за готово – иако таа малку знаеше за обуката која е потребна за ефикасно да се врши оваа работа. Со голема недоверба и иритација ги слушав сите тие теории на заговор во текот на годините, кои ги поттикнаа Мухамед Фаед, таткото на Доди, и неговите поддржувачи.

Ги проучував официјалните извештаи и со сигурност можам да кажам, врз основа на децении полициско искуство, дека смртта на Дајана не беше убиство, туку ужасна несреќа која требало да биде избегната.

Првата грешка била да се вработи телохранител од семејството Фаед, кој не можел да им каже „не“ на своите работодавачи. Доди му наредил на Хенри Пол да вози таа ноќ. Телохранителот требало да истапи и да не дозволи Дајана да влезе во тој автомобил. Доди му наредил на шоферот да вози пребрзо. Рис-Џонс требало да се спротивстави на тоа. Полицаец задолжен за обезбедување немало да се двоуми да се спротивстави на желбите на Доди.

Исто така се прашувам зошто телохранителите ставале толкав акцент на заштитата на двојката од папараците од мигот кога пристигнале во Париз. Многу поважно било да се погрижат за нивната телесна безбедност. Папараците не пукаат со куршуми, туку со блицови.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено