Пред две години јас и мојот партнер Гијом бевме преоптоварени со висока кирија, разни лични предмети, кредитни долгови и кариери кои ни го овозможуваа тој стил на живот, дополнително врзувајќи не. Почнав да верувам дека никогаш нема да ја остварам својата голема желба да станам писател, а и Гијом го чувствуваше истото за својата страст кон фотографијата. И тогаш налетавме на овие мали куќички. Овие уметнички дизајнирани мали живеалишта нѐ инспирираa да направиме голема промена во нашите животи и да ги оствариме нашите сништа. Го смисливме овој план: 1) Да изградиме мал подвижна куќичка, 2) Да патуваме низ Северна Америка околу една година, и 3) Да изработиме патничко новинарско портфолио за нашиот алтернативен животен стил. Тој ќе фотографира, а јас ќе пишувам.

Градењето на куќичката го почнавме со никакво претходно искуство во градителство и со став „ќе научиме додека работиме“. Но не сфаќавме дека не само што градиме дом, туку и ја преосмислувавме претставата за тоа како треба да изгледа еден дом, и што значи тој збор. По дузина грешки, животни лекции и брутални неуспеси, најпосле тргнавме на пат со нашата уникатна куќичка на тркала.

Шест месеци и 10.000 милји подоцна, нашето малечко живеалиште нѐ однесе на луда авантура. По пат сретнавме многу истомисленици кои градат и живеат во мали градби како бараки, куќи на дрво, јурти, чамци-живеалишта кои сами си ги направиле итн. Гијом ги фотографираше нивните алтернативни животни стилови, а јас ги запишував нивните приказни.

tiny-house-giant-journey-mobile-home-jenna-guillame-1

tiny-house-giant-journey-mobile-home-jenna-guillame-3

tiny-house-giant-journey-mobile-home-jenna-guillame-5

tiny-house-giant-journey-mobile-home-jenna-guillame-6

tiny-house-giant-journey-mobile-home-jenna-guillame-7

tiny-house-giant-journey-mobile-home-jenna-guillame-8

tiny-house-giant-journey-mobile-home-jenna-guillame-9

tiny-house-giant-journey-mobile-home-jenna-guillame-11

tiny-house-giant-journey-mobile-home-jenna-guillame-12

tiny-house-giant-journey-mobile-home-jenna-guillame-13

tiny-house-giant-journey-mobile-home-jenna-guillame-15

tiny-house-giant-journey-mobile-home-jenna-guillame-18

tiny-house-giant-journey-mobile-home-jenna-guillame-19

tiny-house-giant-journey-mobile-home-jenna-guillame-22

tiny-house-giant-journey-mobile-home-jenna-guillame-24

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено