Најчесто кога некој ќе го затекне партнерот со трета личност во кревет збеснува и вика, но еден изневерен дечко наместо тоа одлучи дека неверството е одлична можност за кратка фотосесија.
Дастин Холовеј од Тексас, влегол во неговата спална соба и ја видел неговата девојка како спие до непознат маж во нивниот кревет и решил да си ја задржи смислата за хумор во овој непријатен момент. Тој направил неколку слики од нив, а потоа си направил и селфи со разоткриените љубовници, кои што подоцна ги постирал на Фејсбук.
“Кога ќе си дојдеш дома и ќе затекнеш друг маж со она што ја сакаш! Добрите мажи заслужуваат добри жени”, напиша Дастин на својот Фејсбук профил.
Еден од неговите Фејсбук пријатели го прашал дали ги разбудил а Дастин одговорил: “Првин сакав да го претепам, но тогаш решив смирено да направам неколку селфи фотографии, се обидов да ја разбудам, но таа беше пијана како твор, сакав да ги прашам дали би сакале да се префрлат во гостинската спална и каков појадок сака дечкото.”
Фотографиите станаа вирални на социјалните мрежи и многу луѓе го поддржаа во овој негов потег. Дастин првин помислил дека неговиот свет се распаѓа, но по поддршката на илјадници луѓе сфатил дека светот и не е толку лошо место.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.