Јас сум Наталија Миндру, фотограф од Букурешт. Ја снимам суштинската, нескриена љубов помеѓу љубовниците во серијата наречена „Lubiri Urbane”, што преведено од романски значи урбани љубовни приказни. Ова е мојата ода за украдените бакнежи, чуваните тајни и неизговорените зборови помеѓу љубовниците. Секогаш сум сметала дека љубовта и приврзаноста се најважното нешто во животот.
Пред да влезам во домот на вљубениот пар, навистина не знам ништо за моите модели. Единствената претходна комуникација е преку социјалните медиуми, и како резултат на секоја сесија и приоѓам без претходни очекувања. На овој начин урбаните љубовни приказни нудат свежо истражување на љубовта во многуте нејзини облици: нежна, понекогаш разиграна, а другпат бурна, но секогаш го одразува природното привлекување помеѓу двајца луѓе. Притоа, не се обидувам да убедам не го сакаат тоа.
Покрај тоа, сакам да бидат вклучени луѓе од различни краишта. Со таа цел, оваа година ќе патувам и ќе сликам во земји како Франција, Германија, Белгија, Шпанија, Италија, Унгарија, Велика Британија, Холандија, Португалија. Отворена сум за секое ново одредиште.