Како што Исланѓаните решија да ги отворат своите домови за да си го обелат образот од нивната влада којашто понуди да прими педесет бегалци, германските граѓани ги отворија своите срца и помагаат да им се олесни маката на многуте сириски бегалци кои се слеваат во германскиот град Минхен.

Како што известува Independent UK, луѓето донирале толку многу храна, облека и играчки, што на полицијата во Минхен и дошло премногу и од побарала да престанат. Официјалниот профил на минхенската полиција на Твитер утринава постави твит дека 590 бегалци се наоѓаат на главната железничка станица на Минхен. „Секоја помош е добредојдена“.

d00

Никој не можел да го предвиди огромниот излив на великодушност кој следел за само неколку минути откако мигрантите слегле од возот.

За неполн час откако полицијата го објавила пристигањето на бегалците, тие од волонтерите биле опсипани со огромен број подароци како храна, пијалоци и пелени за бебињата, како помош за маките низ кои минуваат. „Мислиме дека ова е одлично!“ коментираат од полицијата. До единаесет часот, помошта продолжувала да пристигнува, без никаков знак дека ќе престане во догледно време.

До трианесет часот, полицајците и локалните власти веќе не можеле да се справат со пренесувањето на бегалците во приемните центри и истовремено со приливот на донирана помош. Тие љубезно ги замолиле луѓето – „Ве молиме, доста беше со давање работи.“

Подоцна следела пораката „Досегашните донации за бегалците и тие кои сѐ уште пристигаат се сосема доволни. Ти благодариме, Минхен!“

d01

И за вчудоневидување, помошта продолжувала да се слева, па полицијата ги споделила деталите за контакт со градскиот совет за тие што сѐ уште сакале да подаруваат.

Градот Минхен во последните неколку дена примил илјадници баратели на азил и мигранти кои пристигнуваат на главната градска железничка станица. Многу Сиријци и Ирачани бараат помош, и се очекува пристигнувањето на многу други.

Во меѓувреме, тензиите продолжуваат.

Сподели на Facebook
пати видено