Германската пивара „Бергедорфер Бир“ решила да ѝ оддаде почит на најголемата придобивка во животот на секој маж – пивскиот стомак. Основниот слоган на рекламната кампања гласи „Произведено со љубов“, и читателите можат да видат колку среќни и горди се сопствениците на познатиот пивски стомак, знаејќи дека само една година постојано пиење на најдобриот летен пијалок може да ги доведе до овој совршен изглед, сон на секој маж. Рекламната агенција Јунг вон Мат навистина многу се потрудила со кадрите, и мора да се признае дека го нашла вистинскиот приод.
На здравје и носете го вашиот пивски стомак со гордост!