Дали ова се вестите за Бермудскиот триаголник кои што сите ги чекавме? Според овој океонограф технологијата која се наоѓа на дното од Бермудскиот триаголник е невообичаена и најверојатно не потекнува од нашата планета.
Познат и под името „Ѓаволски триаголник“, Бермудскиот триаголник се состои од регионот во Северниот Атлантски Океан и е дефиниран од точките меѓу Бермуда, Флорида и Порторико. Се протега на околу 2 километри од секоја страна. Триаголникот не постои според морнарицата на САД и името не е признаено од одборот за Географски Називи на САД.
За оваа мистериозно место кружат многу гласини кои го поврзуваат со надприродни појави. Дали е можно Бермудскиот триаголник да крие тајни од друг свет? Едно е сигурно оваа место „проголтало“ многу бродови и авиони и е виновно за смртта на стотици луѓе.
Две огромни пирамиди направени од некој вид на дебело стакло се откриени во центарот на Бермудскиот триаголник. Технологијата пронајдена на оваа место е вистинска мистерија за научниците. Овие структури се наоѓаат на длабочина од 2.000 метри и се откриени од страна на германскиот океанограф, Др. Мејер. Тој со неговиот тим со помош на сонарна опрема ја откриле аномалијата. Според извештаите војската на САД го стопирала истражувањето на Мејер.
Мејер цврсто верува дека откривањето на тајната за пирамидите може да го расветли случајот за сите мистериозни исчезнувања на објекти во триаголникот. Според други научници пирамидите се направени од некаков вид на кристал кој има магнетско дејство.
За овие пирамиди, кои што никој не успеал да ги фотографира се вели дека се три пати поголеми од најголемата пирамида во Гиза. Многу луѓе сметаат дека владата и војската ја откриле тајната зад пирамидите но сакаат да ја сокријат од јавноста.
Не можеме со сигурност да кажеме дали Мејер ја кажува вистината или пак не, поради тоа што според него војската му ги одземала сите документи кои биле дел од истражувањето. Бермудскиот триаголник има долга историја за исчезнувања и допрва ќе излегуваат на површина докази, кои што можеби конечно ќе стават крај на оваа мистерија.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.