#PaintBack не е само уште еден хаштаг меѓу милионите. Тоа е кампања создадена од Ибо Омари, графити-уметник кој живее во Берлин. Тој ги преработува свастиките кои се насликани на ѕидови во убави и ведри цртежи, бидејќи тој не сака уметноста на графити да биде поврзана со омраза.
Наместо тоа, тој создава шарени, забавни и љубезни слики кои го прават неговиот град поубав и позитивен. Тој ги инспирира другите графити-уметници да одговорат со љубов кон ова нацистичко обележје.