Германија постави нов рекорд за обновлива енергија со тоа што одговори на 78 отсто дневните потреби за електрична енергија од обновливи извори, надминувајќи го претходниот рекорд од 74 отсто од мај 2014 година.

Ова е големо достигнување бидејќи докажува дека обновливата енергија е одговорот за нашите идни енергетски потреби.

Неодамна известивме дека Данска произведе 140 отсто од националните потреби за електрична енергија со помош на ветерни турбини.

renewable

Германија комбинира два вида на обновливи извори, усогласувајќи ги со карактеристичните природни услови во различните краишта на земјата. Имено, најголемиот број ветерни турбини се инсталирани во северните краишта на Германија, додека повеќето соларни панели се поставени на југот.

Сподели на Facebook
пати видено