Уморни од пијаните уличари кои улиците ги користат како еден голем јавен тоалет, жителите на Сент Паули, дел од градот Хамбург во кој се наоѓаат повеќето локали и барови, решиле да возвратат на еден интересен и нов начин. Ги покриле ѕидовите со слој од суперхидрофобична супстанца која ја одбива течноста, прскајќи ги јавните уринирачи со нивната сопствена урина, со што мокрењето на јавно место станува непријатен и сложен потфат.
Некои од ѕидовите се означени со предупредувачки знакови, но други не се, така што вршењето нужда на јавно место во Сент Паули претставува своевиден ризик.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.