Германската полиција добива се повеќе повици за да се справи со прилично необични престапници. Службите за итни случаи низ целата земја добија стотици поплаки за бучава.
Луѓето на полицајците им кажуваат дека нивните соседи имаат прегласен се*с со часови или пак дека некое животно или човек е тешко повреден. Сепак не ја утнале темата целосно.
Кога полицијата доаѓала на местото на настаните и ги истражувала случаите пронаоѓала ежови кои се парат. Да, така е сите проблеми ги предизвикувале ежови кои имаат се*с.
Додека се парат ежовите предизвикуваат иритирачки звуци, а „феноменот“ станал толку познат што добил и свој хаштаг #igelsex, што се преведува како „ежовски се*с“.
Во еден случај полицијата влегла во детско игралиште во близина на основното училиште во Аугсбург, во близина на Минхен, каде што луѓето ги пријавиле сомнителните звуци, за да на крајот чуварот на објектот почне да ги брка ежовите.
Во еден поинаков инцидент во Каменц, во близина на Дрезден, локалната противпожарна бригада морала да користи хидрауличен распрскувач за да отвори корпа за собирање добротворна облека само за да пронајде ежови кои ги прават гласните пријавени звуци.
Летото е најактивниот период за парење на животните и сезоната започнува во април и трае до септември. Парењето на ежовите може да трае со часови придружено со гласни звуци, кои вклучуваат свиркање и врескање.