На нашата планета се случуваат најразлични чудни нешта. Некои од нив и со намера се прават такви, на пример во уметноста, додека други просто така испаднале. Токму тоа е случајот со оваа џиновска, огромна зграда во распаѓање, која се наоѓа среде џунгла во Индонезија и има облик на кокошка. Повеќето од вас би се согласиле дека зграда со ваков облик можеби би била соодветна и симпатична за фарма за кокошки, но не и за црква, но во овој случај сепак се работи за – црква. Локалните жители ја нарекле Гереја Атам, што во основа значи „Црква за кокошки“, но зградата првично не била наменета ниту за црква, ниту за кокошки.

cr01

Сѐ започнало кога создателот на оваа чудна градба, 67-годишниот Даниел Аламсјах, добил света визија од Бог која го инспирирала да изгради молитвен храм со облик на гулаб.

„Можеби поради мојата христијанска вера луѓето помислиле дека градам црква. Но, ова не е црква. Ова е дом за молитви…место за луѓето кои веруваат во Бог“, вели 67-годишникот.

cr02

Тој избрал еден рид и таму го изградил најчудниот храм во светот. Молитвениот храм „ги раширил своите крилја“ на почетокот на 1990-тите. Тој не бил исклучиво христијански, туку бил отворен за сите верници, без разлика дали се христијани, муслимани или будисти. Светите служби се одржувале на погорните катови, додека долните служеле како центар за рехабилитација.

cr03

„Рехабилитацијата која се случуваше во овој молитвен дом беше терапија наменета за деца со попречености, наркомани, ментално болни луѓе, како и за малолетни деликвенти“, вели основачот.

cr04 cr05

Во 2000, оваа институција со сѐ што претставувала, морала да биде затворена бидејќи дополнителните трошоци за изградба станале недостижни, па така зградата била напуштена и оставена на милост и немилост на природата. Храмот бил оставен да скапува со години, неговите ѕидови биле прекриени со графити, а зградата почнала да служи како омилено собиралиште за локалните наркомани и алкохоличари.

cr06

Во изградбата учествувале повеќе од 30 локални жители, помагајќи му на Даниел Асамјах да ја изгради црквата. Сега од тоа имаат полза врз основа на зголемениот туризам во областа, предизвикан токму од необичната градба.

cr07 cr08

Сподели на Facebook
пати видено