Според легендата, кинеската цивилизација започнала со голема поплава. Водите 22 години ги покривале рамниците во северна и централна Кина, сѐ додека владетел по име Ју не организирал акција за враќање на реките во нивните првични корита. Како награда за тоа, боговите наводно на Ју му дале божествено полномоштво да владее со Кина, и така тој ја основал првата царска династија Ксиа. Илјада години приказната за големата поплава и основањето на кинеската цивилизација од страна на Ју се предавала како орална историја, за на крај да влезе во пишаните записи во првиот милениум пред нашата ера. Но, немајќи цврст доказ за Ксиа и поплавата, научниците долго време дебатирале дали овие настани навистина се случиле или се само обични легенди. Но, резултатите на најновите геолошки истражувања покажуваат дека Големата поплава навистина била голема катастрофа која ја погодила долината на Жолта Река околу 1920 г. пр.н.е.

pp01

Тим геолози предводени од Ву Чинглонг од Универзиетот на Нанџинг откриле остатоци од свлечиште кое пред илјадници години направило брана на Жолта Река на местото каде што тече низ клисурата Џиши, во северната кинеска провинција Чинхаи. Оваа природна брана била со големина на Браната на трите клисури или Хуверовата брана во САД. Таа целосно ја блокирала реката и водата се насобрала, формирајќи езеро длабоко 200 метри. По горното течение на браната истражувачите нашле седименти какви што би можеле да се наталожат на дното на акумулационо езеро. По долното течение Ву Чинглонг и неговиот тим нашле седименти кои една голема поплава би ги донела од клисурата Џиши, главно фрагменти од виолетово-кафеава седиментна карпа и зелен шкрилец, однесени во долниот дел на клисурата Џиши и надолу кон басенот на реката Гуантинг.

pp02

„Кај влезот на клисурата каде што Жолта Река се влева во Гуантингшкиот басен седиментите достигнуваат дебелина од 20 метри, со карпи со пречник до 2 метри“, пишуваат во својата научна статија во научното списание „Наука“ (Science).

pp03

Тие седименти помогнале да се добијат општите контури на акумулационото езеро и областа зафатена од поплавата. Врз основа на тие области, истражувачите пресметале дека свлечишната брана најпосле попуштила и ослободила порој од 300 000 до 500 000 кубни метри вода во секунда.

„За да се добие некаква груба претстава, тоа е отприлика еднакво на најголемата поплава некогаш измерена на реката Амазон, најголемата река во светот. Тоа било една од најголемите поплави кои се случиле на Земјата во последните 10 000 години и била 500 пати поголема од поплава која би ја очекувале на Жолта Река по масивен пороен дожд“, вели коавторот Дерил Гренџер, геолог од универзитетот Пердју. „Така, оваа катаклизмична поплава би била навистина катастрофален настан за секој кој живеел крај бреговите на Жолта Река.“

ppr04

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено