Има многу потенцијални сопственици на домашни миленици, но потребно им е малку инспирација за да посвојат. Фотографот Амол Јадхав и режисерот Пранав Бхиде создадоа моќна кампања за “Свет за сите животни и нивно посвојување” во Мумбаи, за да го промовираат нивниот настан за посвојување на миленици. Најважното од се е дека оваа кампања имала голем ефект.
Со помош на посебно осветлување и технки за врамување оваа креативно дуо направило неколку портрети со оптички илузии кои содржат две слики во една. Уметниците ги наместиле портетите така што празниот простор меѓу нив да биде во форма на некое животно.
Се било склопено совршено откако потртетите биле малку затемнети а позадинско осветлување зрачело со голема светлина. Сликата одлично се вкопувала со нивното мото “Секогаш има место за уште едно посвојување.”
Голем број на луѓе ја разбрале пораката на Амол и Пранав. Во споредба со минатата година, присутноста на настанот се зголемила за 150%, што довело до 42 посвојувања.