Секоја домаќинка која држи до себе сака во својот дом да има ако не цела градина, барем добро уредени цвеќиња и растенија кои го го одмораат окото и создаваат пријатна атмосфера. Но, зимата за нив е критичен период – дневната светлина нагло се намалува, температурите паѓаат драстично и за негата на растенијата е нужна специјална грижа. Вообичаено тогаш жените се впуштаат во купување на скапи додатоци и препарати кои не само што го оптоваруваат семејниот буџет, туку често имаат и незначителен ефект.
Сепак, има еден едноставен трик кој на растенијата во вашите саксии може да им даде нов живот, и тој трик станува сѐ повеќе популарен во социјалните медиуми и добива сѐ повеќе следбеници. Одржувањето на омилените цвеќиња и растенија во совршена форма се покажа лесно како грав. Сѐ што треба да направите е сами да ја приготвите оваа едноставна, но ефикасна смеса.
Потребни ви се белките од пет јајца, кои се раствораат во еден литар топла вода, по што смесата се остава на студено и темно место во траење од една седмица. Потоа кон смесата додаваме уште 9 литри вода и чудотворниот препарат веќе е готов. Се чува на студено место, а пред секоја употреба неопходното количество се остава да достигне собна температура, по што со него се полеваат саксиите, и сѐ што ви преостанува е да се насладувате на неговиот благотворен ефект врз вашите растенија.