Понекогаш наједноставниот пронајдок може да промени милиони животи. Тоа е целта на „Обувката која расте“, сандала создадена пронаоѓачот Кентон Ли, која може да ја прилагоди својата големина, дозволувајќи им на децата од сиромашните земји да растат без да одат боси. Обувките се достапни во сите големини и можат да се зголемат за пет броја и да траат до пет години.
Според „Обувката која расте“: „Има над 300 милиони деца кои немаат обувки. И уште безброј деца на кои обувките не им пасуваат.“ Децата без обувки се подложни на повреди и паразити кои ги инфицираат луѓето преку нивните нозе. Проблемот со обичните обувки се состои во тоа што тие бргу им стануваат мали на децата, и токму тоа е проблемот што овој нов дизајн се обидува да го реши.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.